Сениорската екипа на ЖРК Вардар го доби и вториот контролен натпревар во подготвителниот период. Во текот на вчерашниот ден, во спортската сала „Круме Кепески“ избраничките на Царчев и Платон во тест натпревар го победија тимот на Спартак со двоцифрена разлика, конечниот резултат гласеше 30:18 (19:8)
Вардарки имаа предност во текот на целиот натпревар и контрола на резултатот. Уште на полувреме имавме двоцифрена предност од 19:8.
Нашиот тренерски двоец испробуваше различни тактички варијанти и во двата правци на игра, а шанса за настап добија сите ракометарки, кои дадоа максимум на теренот.
Најефикасни во нашиот состав беа, Ивона Трпевска со 6 гола и Михаела Велјаноска со 4 гола. Две девојки имаа по 3 гола, се работи за Бојана Коцева и Леона Миленкоска . По 2 гола постигнаа Сара Стефаноска, Борјана Коцева, Симона Василева, Бојана Радевска, Сара Симоновска и кадетката Дона Тодоровска. Стрелци на по 1 гол беа Ива Кимовска и Драгана Стојчевска.
На голот Андреа Илиќ имаше 8 одбрани, Марија Галачева 3 и Вероника Ѓорѓиевска со 1 одбрана
Ова беше втор триумф, после оној против Металург Автокоманда. Новата натпреварувачка сезона е предвидена да стартува на 16.септември, а деновиве треба да биде познат и распоредот на одигрување натпревари во Супер Лигата