Годинава ќе се одржи и второто издание на силниот младински турнир „Вардар Куп“ во организација на ФК Вардар.
Турнирот ќе биде за играчи до 15 години, на кој покрај Вардар ќе настапат и екипите на Војводина и Партизан од Србија, потоа Лудогорец од Бугарија, Динамо Загреб од Хрватска, а се најавува и учество на Екцелзиор од Холандија.
Официјалниот термин на одигрување на овој силен турнир ќе биде дополнително одреден.