Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во недела гостуваат на Форца
Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во недела гостуваат на Форца

Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во недела гостуваат на Форца

Во недела на теренот на Локомотива своите натпревари во рамките на регионалната-скопска лига ќе ги одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2004“ и “2005„ година. Нашите млади надежи ќе гостуваат на екипата на Форца.

Генерацијата родени “2005“ година на ФК Вардар имаат седум последователни победи оваа сезона од исто толку одиграни натпревари. Избраниците на Јанев се наоѓаат во одлична форма, за што говори и убедливиот триумф во средата, во рамките на првиот 1/4 финален меч од купот, кога Вардар убедливо го победи тимот на Работнички. Фаворитската улога и на дуелот со Форца е на страната на Вардар, мечот стартува од 10:00 часот.

Во победничка серија се наоѓаат и избраниците на Петар Ѓорѓиески кои славеа на последните четири дуели во регионалната лига и еден во рамките на купот. Вардаровата генерација “2004“ влегува во посакуваниот ритам, па се освен три бода ќе биде изненадување на дуелот со Форца. Натпреварот кај оваа генерација започнува од 12:00 часот.