Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи се домаќини на Њу Старс, кадетите и младинците гостуваат во рамките на 9.првенствено коло
Пионерските екипи се домаќини на Њу Старс, кадетите и младинците гостуваат во рамките на 9.првенствено коло

Пионерските екипи се домаќини на Њу Старс, кадетите и младинците гостуваат во рамките на 9.првенствено коло

Претстојниов викенд на програмата е 9. коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи во сабота се домаќини на екипата на Њу Старс, додека кадетите и младинците во недела ќе гостуваат на противникот на теренот со вештачка трева во населбата Ѓорче.

Помладите пионери имаа можност на домашен терен да се вратат на победите и да се искачат место погоре на табелата. До пред одигрување на ова коло, избраниците на Деспотовски се наоѓаат на 4.место на табелата, но со само три бодови помалку од екипите на Работнички и Брегалница. Екипата на Њу Старс се наоѓа едно место подоле на табелата, со три бодови помалку од екипата на Вардар. Мечот во сабота стартува од 10:00 часот на теренот на Академијата.

Пионерите се наоѓаат во одлична серија на победи и се наоѓаат на првото место на табелата. Момците на Игор Кралевски имаат дури пет бодови повеќе од второпласираниот тим на Ренова и шест повеќе од екипите на Работнички и Шкупи. Екипата на Њу Старс се наоѓа на 6.место на табелата и има 10 освоени бодови, или седум помалку од црвено-црните. Вардарци се фаворити за освојување на бодовите, а после ова коло можеме уште повеќе да се одвоиме на табелата од конкурентите за трофејот. Нивниот дуел стартува од 12:00 часот.

Кадетите ќе се обидат да извадат поволен резултат на гостувањето кај екипата на Њу Старс, која е подобро рангирана од составот на Вардар. Противникот се наоѓа на 4.место и има четири бодови повеќе од екипата на Вардар. Младинците се во добра форма која треба да ја потврдат и на гостувањето кај Њу Старс, противник кој има дури 14 бодови помалку од екипата на Вардар. Дуелите на кадетите и младинците стартуваат во термините од 13:00 и 15:00 часот.