Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сара Миновска: Ние сме Вардар, млади сме, сепак секаде ќе играме храбро и од срце
Сара Миновска: Ние сме Вардар, млади сме, сепак  секаде ќе играме храбро и од срце

Сара Миновска: Ние сме Вардар, млади сме, сепак секаде ќе играме храбро и од срце

Денес, младиот тим на ЖРК Вардар го очекува “пеколно“ гостување, ние ќе бидеме дел од дербито на 10.коло во женската ракометна  Супер лига. Гостуваме кај тимот на ЖКК Куманово во истоимениот град, екипа која како и нас по првиот круг во суперлигашката конкуренција (9.кола) има 22.бода на своето конто и со која го делиме 2.место на табелата. Досега овој млад тим кој многумина го отпишаа, одигра фантастично, во лигата реди победи, ја “зграби“ вице-шампионската позиција и храбро се бори со силите и помоќните ривалили.

Дел од овој тим е Сара Миновска,  левото крило на црвено-црните, колешката на Дибиров од женската сениорска екипа на Вардар. Станува збор за играч кој е “благороден“ за секој тренер, претходно одлично настапуваше на бековските позиции, а сега извонредна е и како лево крило. Тоа е девојка која поседува завидна “ракометна интелигенција“, тимски играч во одбраната, и лукав стрелец во офанзивата.  Во продолжение ви носиме интервју со оваа млада, талентирана  и шармантна девојка од  женскиот ракометен колектив.

45167983_2106759629638866_5316798040726568960_n

1. Како се појави љубовта кон ракометот, од која школа започна, со кој тренер и како стигна до она што си денес, првотимка на Вардар?

*На училиште на часот по физичко почнав да се запознавам со овој спорт и се повеќе да го засакувам. Почнав почесто да следам натпревари на телевизија, желбата за ракомет ми беше се поголема. По инсистирање на мојот класен раководител, кој е професор по физичко, татко ми ме запиша во школата на РК Вардар – Кисела Вода кај тренерите Влатко и Кристијан. Започнав во февруари 2015, по неколку месеци имаше селекција од страна на најдобриот клуб Вардар. Воопшто не очекував дека ќе ме примат, затоа што кратко време тренирав. Имав толку голема желба да влезам, како голем сон за нешто што го сакаш премногу. Но сепак се спремив психички дека нема да ме примат, можеби следната година, но сонот стана реалност. Од тогаш го живејам мојот сон “Вардар“, каде сега успеав да бидам првотимка.

2. Играш  на позицијата крило, претходно настапуваше и на други позиции во помладите категории на Вардар, како се адаптираше на оваа позиција?

402

*Да, јас на почетокот на мојата кариера ја започнав како десен бек,  потоа во пионерската лига играв централен бек, додека сега играм лево крило. За мене воопшто не е важно на која позиција ќе играм, сметам дека за секој играч е важно да ги знае сите позиции. Јас ќе ја сакам било која позиција што ќе ја играм, не правам разлика помеѓу истите.

3. Изминатиот викенд, одигравте  мечеви со Спартак и Шампион, како ги оценуваш истите?

*За мечевите со Спартак и Шампион иако издвоивме победа сепак нашата игра не беше во најдобро светло.  На суперлигашкиот дуел со Спартак имавме лош почеток со многу технички  грешки, сепак во продолжение се заврши добро. Успеавме да ја   стабилизираме  играта како минуваше дуелот па на крајот  постигнавме убедлива победа и освоивме нови бодови. За разлика од овој меч на средбата со   тимот на  Шампион поминавме многу полесно, овде рано ја наметнавме нашата игра. Влеговме во ритам познат само за нас, тимски и одговорно дојдовме до посакуваната цел на убедлив начин.

3310

4.  Годинава вие и поголем дел од девојките дебитиравте во сениорската лига, какво е искуството да си дел од Супер лигата?

*Навистина голем предизвик е да играш со повозрасни, да имаш “товар„  кој постојано  се чувствува. Меѓутоа тоа е се искуство повеќе што носи шанси за нови докажувања кои очекувам дека ќе ги “зграбиме“. Покрај ова играме во младинската лига, тоа е прилика повеќе за докажување, воигрување на тимот и подобар настап во Супер лигата.

5. Функционирате одлично досега, дојдовте до 22 бода од 9.кола како ви успеа тоа иако на почетокот бевте “отпишани“ ?

*Одговорот на ова прашање  е комплексен, сепак блискоста и меѓусебната соработка со нашите тренери ни влева голема доверба и стимулација за успех.  Ние сме млади девојки кои со нивните совети и помош, надополнето со нашата работа, голема желба и храброст носи “плод“.  Работата со тренерот Симовски кој е искусен тренер со многу претходни успеси, носи подобруввање на нашата игра, тој истовремено и голем пријател со нас.  Од голема важност за нашиот успех има и тренерот Царчев кој има прекрасна соработка со нашите голмани.

363

6.Веќе денес ви следи дерби со Куманово во Супер лигата и младински дуел викендов, Сара кои се  твоите очекувања?

 *Голем предизвик е дербито со ЖРК Куманово кое го играме во гости. Нашиот ривал е  искусна екипа која не можам да кажам дека ќе биде лесно да се совлада. Но ние сме добро подготвени за овој натпревар, работиме со полна пареа, ќе дадеме се од себе да постигнеме добар резултат денес.  Одиме храбро бидејќи ние сме Вардар, секаде ќе играме така. Со Кичево 10 во младинската лига очекувам да биде дуел кој дали полесно да дојдеме до крајната цел, нови бодови за мене и мојот црвено-црн тим.

7. За крајот како се адаптиравте на сениорската лига и очекувања од оваа сезона во истата?

*За сениорската лига треба многу напорна работа за да постигнеме добри резултати. Имаме освоено 22 бода од можни 27, иако влеговме пред почетокот потценети, сега котираме високо. Сето  тоа е заслуга на нашите искисни тренери кој вложуваат многу труд за да ние постигнеме успеси. Како и нашето меѓусебно разбирање и почитување. За очекувањата можам да кажам дека ќе оставиме “срце на терен“  другото ќе дојде само- вели Миновска за Вардар Фанс.

Михајло Тушевски