Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Екипата на Њу Старс е следен противник во Регионалната Скопска Лига
Екипата на Њу Старс е следен противник во Регионалната Скопска Лига

Екипата на Њу Старс е следен противник во Регионалната Скопска Лига

Во сабота (19.11) на теренот на Локомотива, натпревари од 8.коло во Регионалната Скопска Лига ќе одиграат генерациите 2008 и 2009. Противник ќе ни биде екипата на Њу Старс.

Натпреварите ќе започнат во термините од 10:00 и 11:30 часот.

Што се однесува до пласманот на екипите пред одигрување на ова коло, кај помладите петлиња, Вардар на пет одиграни натпревари има освоено 9 бодови, додека Њу Старс на седум натпревари има 11 бодови.

Кај повозрасните петлиња, Вардар на пет натпревари освои 11 бодови, додека Њу Старс има бод повеќе, но и два натпревари повеќе од нас.