Во сабота (19.11) во рамките на 2.коло во кадетската машка ракометна лига, кадетите на Вардар на домашен терен ја пречекуваат екипата на Бутел.
Натпреварот во сабота ќе се одигра во спортската сала на ОУ Круме Кепески, со почеток од 15:30 часот. За судии се одредени Лејла Јашар и Ѓорѓи Василевски.
Избраниците на Зоран Петковски во првото коло славеа на гостувањето кај екипата на Голден Арт.