Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Минимален пораз за Македонија У19 против Србија, Давор Серафимов беше стартер
Минимален пораз за Македонија У19 против Србија, Давор Серафимов беше стартер

Минимален пораз за Македонија У19 против Србија, Давор Серафимов беше стартер

Младата репрезентација на Македонија до 19 години загуби минимално со 2:1 од соодветната селекција на Србија во рамките на првото коло на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година. Натпреварот се одигра во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Србија на полувреме имаше минимална предност од 0:1, додека во вториот дел го зголеми резултатот и на 0:2, за нашата репрезентација на четири минути пред крајот да го намали резултатот на 1:2, сепак недоволно да се избегне пораз.

Единствениот вардарец во оваа млада репрезентација, Давор Серафимов, беше стартер и помина 45 минути на теренот.