Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ремизираше со Академија Пандев
Вардар ремизираше со Академија Пандев

Вардар ремизираше со Академија Пандев

Тимот на Вардар го запиша и вториот нерешен резултат во низа, попладнево “црвено – црните” одиграа реми 1:1 (0:0) со тимот на Академија Пандев. Голот за Вардар го постигна Максимов во 53. минута.

Вардар во првиот дел имаше неколку шанси да го отвори резултатот, но не го стори тоа. Најдобрите прилики во првиот дел ги имаа Блажевски и Попзлатанов во 22. минута. Најпрвин Блажевски биеше силно од 30-сетина метри, Вујанац одби до Попзлатанов кој што од 5-6 метри упати удар, но голманот Вујанац одбрани и изби во корнер. Во првиот дел домаќинот пак, имаше шанса преку Атанасов од слободен удар, кој заврши за малку крај левиот дирек од голот на Вардар.

На стартот од вториот дел дојдоа и два погодоци на двете страни.  Најпрвин домаќинот поведе во 50. минута, успешен реализатор беше Чешмеџиев кој што погоди од 4-5 метри во мрежата на Вардар. Радоста на домаќинот не траеше долго, во 53. минута Битанг нафрли до Максимов кој што со глава стрелаше во горниот десен агол и го израмни резултатот. По голот на Максимов, Вардар се обидуваше да дојде до целосен пресврт, токму Макимов се закани на два наврати но без поголеми опасности по голот на противникот. Во финишот на мечот кај Вардар влегоа младите Колевски и Бериша кој не ја размрдаа играта на својот тим. До крајот на дуелот немаше промена на резултатот, па така со поделба на бодовите заврши овој дуел.