Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Русија подобра од Македонија, на пријателски натпревар одигран во Јане Сандански
Русија подобра од Македонија, на пријателски натпревар одигран во Јане Сандански

Русија подобра од Македонија, на пријателски натпревар одигран во Јане Сандански

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански се одигра пријателски натпревар помеѓу ракометните селекции на Македонија и Русија. Натпреварот им припадна на “зборнаја“ која славеше со резултат 25:29.

После првите пет минути кога се играше гол за гол на двете страни и при резултат 3:3, нашата репрезентација со серија од пет последователни голови успеаа да го зголемат резултатот на 8:3. Во три наврати имавме предност од највисоки шест голови предност (10:4, 12:6 и 13:7). Како течеше првото полувреме, избраниците на Кокшаров ја намалуваа негатива, во еден момент се доближија на резултат 16:13, а по истекот на првите 30 минути, резултатот беше 19:15.

Во второто полувреме постигнавме двојно помалку голови и тоа беше причина за конечниот пораз. Русите брзо направија серија од 1:5 и го израмнија резултатот на 20:20, а потоа и направија резултатски пресврт и до крајот на мечот имаа контрола на резултатот. На крајот триумф на русите, изразен со резултат 27:32.

Македонија на овој дуел настапи без капитенот, Кирил, Лазаров, потоа Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски и.т.н. Единствениот вардарец во нашата селекција, Мартин Поповски постигна еден гол, додека кај Русија Дибиров постигна 5 гола, а Шишкарев 2 погодоци.