Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2004“ на Ане Андовски како “Барселона“ ги надигрува своите противници, нови 17 погодоци во противничките мрежи
Вардаровата генерација “2004“ на Ане Андовски како “Барселона“ ги надигрува своите противници, нови 17 погодоци во противничките мрежи

Вардаровата генерација “2004“ на Ане Андовски како “Барселона“ ги надигрува своите противници, нови 17 погодоци во противничките мрежи

Ново убедливо издание на шампионската генерација родени “2004“ година. Тие денес во рамките на треттото коло од детската лига забележаа две нови убедливи победи. Противници ни беа екипите на Смилковци и Њу Старс.

Први на теренот излегоа Вардар (1), кои за противник го имаа тимот на Смилковци. Резултатот на овој дуел гласеше убедливи 8:0 во наша корист. Уште во првата минута од мечот успеваме преку Никола Павлески да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:0. Павлески доби употреблива топка во противничкиот шеснаесетник излезе сам со голманот на Смилковци и умешно ја смести топката во мрежата. Следуваше целосна доминација на црвено-црните, а шансите пред голот на противникот се редеа во секоја измината минута. Обиди за гол имаа Марио Ричков и Теодор Перковски, но противничкиот чувар не дозволи нов гол. Сепак на вториот погодок не се чекаше многу, денес расположениот за игра Матео Софијаноски успева да погоди и да донесе предност од 2:0. Противникот имаше шанса да постигне почесен гол, по една грешка на Василев се создаде прилика за гол, но нашиот голман ја исправа грешката и го спасува својот гол. Повторно Матео Софијаноски се запишува во листата на стрелци, погодувајќи за водство од 3:0. Во следната наша акција се обиде Матеј Богдановски, кој биеше без поголема опасност. Софијаноски и Ричков се следните кои доаѓаат во прилика за гол, вистинска викторија се играше пред голот на Смилковци. Првото полувреме со гол го затвора Матео Софијаноски кој успешно стрела за резултат 4:0, кој беше актуелен по првото полувреме.

vardarfans-pobeda

Прв кој се закани во вториот дел беше Исмет Хајдари, но неговиот удар го брани голманот. Матео продолжува со одличната игра, овој пат со глава за малку покрај голот. Упорниот Теодор Перковски успева да се запише во листата на стрелци, за веќе високи 5:0. Смилковци повторно по наша грешка, овој пат на Богдановски имаше прилика да го загрози  голот на Вардар, но топката завршува само покрај голот. Нови прилики имаа Софијаноски и Хјадари, резултатот останува истиот. Сепак не издржа уште многу противникот, Матео Софијаноски повторно се запишува во листата на стрелци за водство од 6:0. Уште два погодоци во противничката мрежа проследивме до крајот. Никола Павлески стрела за 7:0, додека со својот прв погодок Стефан Стојановски ја заокружува ова убедлива победа.

14606532_1668465420131175_3655512453983664127_n

Доминацијата на оваа генерација ја потврди и Вардар (2) кој славеше во дуелот со своите врсници од Њу Старс со резултат 9:0. Најдобриот голгетер, Георг Стојановски прв ја “начна“ мрежата на противникот кој погоди со глава за отварање на резултатот на 1:0. Набргу имавме можност да го зголемиме водството, но Марко Софијаноски промашува удар од белата точка, односно противничкиот голман го брани неговиот удар. Можност нова и за Стојановски кој бие над голот. Софијаноски со одлична асистенција со Стојановски кој од еден метар ја вметнува топката во голот за водство од 2:0. Нова прилика за Марко Софијаноски, голема среќа за противникот и резултатот е непроменет. Повторно на сцена стапува Георг Стојановски кој погодува со глава за водство од 3:0. Уште една голема шанса за Стојановски, но брани противничкиот голман. Вардар имаше целосна доминација на теренот, противникот речиси и да не излезе од својата половина. Пред четвртиот погодок во обиди се најдоа Георг Стојановски и Огнен Здравковски. Димитар Стоимов со својот прв гол на овој меч зголемува на 4:о. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

14568232_1668465416797842_4938283383143800416_n

Вториот дел со погодок го отвори Георг Стојановски кој повторно со глава погодува за предност од 5:0. Ништно ново и во второто полувреме, имаше само една екипа која играше на теренот, а тоа беа нашите млади надежи. Марко Софијаноски со нов погодок за водство од 6:0. Нов гол во мрежата на Њу Старс, дело на Горазд Попов за водство од 8:0 Во една акција имавме два обиди за постигнување на гол , најпрво Стојановски, па Попов со слава не успеваат. Се обиде и Сурлов кој шутира силно покрај голот. Серијата на голови ја затвара Георг Стојановски за убедливи 9:0.

Кака Барселона игра оваа наша генерација, која сигурно го игра најубавиот фудбал во лигата. Секој играч како поминуваат натпреварите ја крева својата форма и силно се наметнува во составот на Ане Андовски, кој е заслужен за добрата игра на младите Вардарци.