ФК Вардар минимално триумфираше на денешниот натпревар против лидерот во втората лига, тимот на Академија Пандев од Струмица. Нашиот тим на денешниот дуел настапи со овој тим: ВАРДАР: Пачовски, Брдаровски, Глишиќ, Новак, Грнчаров, Глигоров, Фелипе, Грозданоски, Блажевски, Дим ков, Обрегон. Уште играа: Велкоски, Стојчевски, Даци, Најдовски.
Нашиот тим на овој дуел настапи со неколку играчи кои се од младинскиот погон на Вардар. Вардарци уште од самиот старт ја имаа топката во свој посед, и ја контролираа играта. Иако во првиот дел можеше да постигнеме повеќе погодоци, сепак, по првиот дел беше 1-0 за Вардар, и тоа со голот на Џон Обрегон во 42 минута од натпреварот. Во вториот дел прв се закани Глигоров со удар од голема далелина, но неговиот удар заврши само во пречката од голот на Истатов. До крајот на натпреварот Вардар имаше уште неколку прилики да дојде до уште некој погодок, но и овој пат реализацијата изостана.