Денеска се одигра ново, третто коло во Детската фудбалска лига. Генерацијата ”2007” oдигра два натпревари, и на двата славеше победа. Најпрвин настапи Вардар генерација ”2007” (2), a потоа и Вардар (1).
ФК Вардар генерација два победи минимално, со резултат 1-0 (0-0) против Работнички. Нашиот тим во последните неколку минути го скрши отпорот на Работнички и славеше победа. Напрвин, по пет минути игра, ништо позначајно не се случуваше на теренот. Потоа следуваа две возбудувања пред двата гола, но без посериозна шанса за гол. Во првиот дел Златко Радевски беше наистакнат наш поединец, но истиот играч не успеа да погоди. Во вториот дел нашиот тим одигра уште по мотивирано, и го нападна голот на Работнички. Најпрвин, се обиде со шут Радевски, но биеше над голот. Потоа Работнички имаше добра можност, но и нивниот шут отиде крај голот на Вардар. Потоа и Никола Јовановски се обиде од слободен удар, но го погоди живиот зид. Потоа имавме убава можност преку Филип Кузаревски но и тој удар не успеа да заврши во голот. Во финишот дојде и голот за Вардар. Беше направен трет корнер, што значеше и пенал за Вардар. Никола Јовановски биеше прецизно за 1-0 и победа на нашиот тим.
ФК Вардар (1) имаше лесна задача против тимот на Шкупи. Нашиот тим славеше убедлива победа од 10-1 (6-1). На овој натпревар нашиот тим покажа уште еднашка дека се работи за тим кој и оваа година ќе атакува на највисок пласман, односно прво место во Детската лига во оваа генерација. Нашите момчиња и на овој натпревар ја ”изрешетаа” мрежата на противникот, а овој пат настрада тимот на Шкупи кој прими дури девет погодоци (шест во првиот дел). И оваа сезона ударното трио: Мицевски, Младеновски и Томовски беше кобен кон голот на противникот. Стефан Младеновски постигна 4 гола, Борјан Томовски и Александар Грашевски беа стрелци на два погодоци, додека Петар Мицевски и Лука Атанасовски постигнаа по еден.Исто така добра задача денеска заврши и средниот ред, одбраната и голманот Лука. Нашиот тим на овој дуел уште по првите десет минути игра стигна до 4-0, и веќе беше јасно кој ќе победи на овој натпревар. Згора на се, тимот на Шкупи на овој дуел успеа да си постигне и два автогола. Се на се, одлична партија на сите момчиња кои одиграа денеска.