Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Партизан ја виде  “вардаровата моќ“, РК Вардар-2 триумфираше со високи  плус триесет
РК Партизан ја виде  “вардаровата моќ“, РК Вардар-2 триумфираше со високи  плус триесет

РК Партизан ја виде  “вардаровата моќ“, РК Вардар-2 триумфираше со високи  плус триесет

 Денес се одигра второто коло во Првата ракометна машка лига, во истата РК Вардар-2 беше домаќин на екипата на РК Партизан од Гевгелија. Црвено-црните млади момци предводени од вардаровата легенда Зоран Петковски-Зенга дојдоа до вториот триумф во второто коло од лигата. Тие на дуелот кој се играше во спортско рекреативниот центар “Кале“ однесоа победа со триесет гола разлика, триумфирајќи над гевгеличани со 44-14.

Тргнавме фуриозно  со силна игра во одбраната , што резултираше со брзи три погодоци веќе по две минути игра водевме со 3-0. Партизан намали на 3-1 и се понадева дека ќе се врати во мечот. Сепак таа надеж се покажа како неоснована следеше нова серија 4-0 и предност наша во 10 минута од 7-1. Повикаа гостите тајм-маут за да ги консолидираат својте редови . Нашиот  тим при резултат 8-2, по одлука на тренерот на РК Вардар-2 Зоран Петковски-Зенга го замени целиот стартен состав со момците од клупата. Момците кои влегоа го продолжија истиот ритам правеќе серија 6-2 и поведоа со 14-4. Докрајот од полувремето игравме одлично и цврсто во одбраната, казнувајќи ги грешките на противникот со лесни голови од контра, и правејќи серија 10-3 на полувреме заминавме со предност од 24-7.

Вториот дел почна повторно со исто убиствено темпо, гостите не успеваа да погодат нашите момци играа цврсто во одбраната и казнуваа немилосрдно од контри. Во 38 минута стигнавме до 30-тиот погодок, поведовме со 30-8 пошто беше повикана минута одмор од гостите од Гевгелија.  Тоа не донесе ништо позитивно за нив напротив ние со нова серија 3-0 зголемуваме на 33-8 во наредните три минути. Точно на средината од вториот дел во 45 минута  водевме со 36-10. Во следните пет минути повторно доминираме правиме серија 4-1 за во 50.минута стигнеме до бројката од 40 постигнати гола, на семафорот во “Кале“ стоеше резултатот 40-11. Следните пет минути се најнеефикасниот период во мечот денес, двете екипи успеваат да постигнат само по еден погодок во нив, и во последните пет минути од мечот се влезе со резултат 41-12. Избраниците на Петковски рутинирано ги доиграа завршните минути, однесувајќи висок триумф со  предоност од триесет погодоци, резултат на крајот беше  44-14. Најефикасни кај нас беа: Христијан Гјоршовски со 9 гола и Алија Амзовски со 7 погодоци.

zenga-2

РК Вардар-2: Петковски, Чакалиќ-6, Крстевски-3, Димковски-6, Мишевски-1, Трајковски-2, Апостоловски-4, Гичев-1, Лазов, Стојов, Гјоршовски-9, Стоилевски-2, Стошиќ-1, Амзовски-7, Атанасовски-1, Стојановски-1.
Тренер: Зоран Петковски -Зенга