Крилниот играч Јакуп Бериша и Вардар се разделија. Ова е уште едно официјално заминување од таборот на црвено – црните денеска по она на Антовски. Од клубот исто така си заминаа и играчите од средината на теренот Исени и Алекс Талески.
Бериша не успеа да постигне погодок за Вардар на официјален натпревар. Оваа есен одигра вкупно шест првенствени натпревари, а минатата сезона три. Претходно, Бериша беше капитен во младинските категории на клубот.