Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пинг понг: Вардар се засили со играч од Бугарија, Шенол Ебазер нов вардарец
Пинг понг: Вардар се засили со играч  од Бугарија, Шенол Ебазер нов вардарец

Пинг понг: Вардар се засили со играч од Бугарија, Шенол Ебазер нов вардарец

Годинава ќе биде голема борбата за првото место во Супер лигата на Македонија во пинг понг. Најголеми кандидати, барем според резултатите во есенскиот дел, се екипите на Вардар и Младост. На овие екипи ќе им се приклучи и Мlадост 96. Доста интересен беше преодниот рок за пингпонарите.

Регистрационата комисија ги објави пингпонгарите кои ги променија клупските бои- вкупно 13 пингпонари избраа нови клубови. Вардар од Скопје обезбеди засилување од Бугарија, а Младост 96 од Србија. Вардар се засили со Шенол Ебазер од Бугарија, а Младост 96 со Бранислав Миленковиќ од Србија. Пингпонгарот на УГД Студент Филип Костадиновски се врати во Крива Паланка.

Инаку, пролетниот дел во Супер лигата на Македнија почнува во недела ,27 јануари. Двете кола се играат во Скопје.

Извор:https://stipskiasovi.mk/ Кирил Манев