Конечно, по долга неизвесност, ФК Вардар ќе се активира и во вторник (според последните информации), ќе ги започне подготовките за дуелот со Пелистер кој треба да биде одигран идната недела во Скопје.
ФК Вардар ќе добие нов тренер. Се работи за поранешниот македонски предводник Никола Илиевски – Џиџи кој седнува на ,,црвено – црното” столче. Има и промени во стручниот штаб. Некогашниот капитен на тимот, Бобан Грнчаров ќе биде негов асистент заедно со Златко Таневски и Никола Глигоров. Пред нив ќе стои една тешка задача да го воиграат тимот и да го вратат на победничките патеки.
Во овој момент во тимот остануваат Блажевски, Најденов, Петковски, Мирчевски, Велкоски, Илиќ, Крстевски, Радуловиќ – Величковиќ, Игески, Петејчук, Велковски, Лазаревиќ, Ѓурковски..
Утре ќе бидат познати повеќе детали.