Полека но сигурно се потполнува ростерот на Вардар. Николас Хосе Херанц, Коста Манев и Вилијан Лира денеска ги минаа задолжителните лекарски прегледи и ставија потпис на договор со најтрофејниот македонски тим.
Дознаваме дека Манев потпишал договор со нашиот тим на 1+1 година. По договорите, сите тројца играчи се упатија да го запознаат нивниот нов терен и стадион.
Кога сме пак кај Данило Бала, дознаваме дека десното крило пристигнува во среда.
Утре и официјално очекуваме да ги претстави нашиот клуб новите играчи.