Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гледајте Вардар- Пјуник за само 100 денари, од понеделник започнува продажбата на билети
Гледајте Вардар- Пјуник за само 100 денари, од понеделник започнува продажбата на билети

Гледајте Вардар- Пјуник за само 100 денари, од понеделник започнува продажбата на билети

Фудбалскиот клуб Вардар Ве известува дека од понеделник ќе стартува продажбата на билети за реванш натпреварот од Лигата на Европа  против Пјуник. Овој реванш дуел ќе се одигра во четврток од 19:00 часот.

Поради тоа што има натпревар од Лигата на Европа во вторник на Националната Арена „Филип Втори“, билетите во понеделник и во вторник (16 и 17. јули) ќе се продаваат само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“. Во среда и четврток (18 и 19 јули), билети за натпреварот за Вардар – Пјуник ќе можете да купите само на билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ на источната трибина (спроти влезот на фудбалската Академија на ФК Вардар). Билетарниците сите четири дена ќе работат од 10 до 18 часот.

Билет може да купите и он-лајн и на www.ticketplus.mk

Цената на влезница ќе чини 100 МКД за сите трибини.

Напоменуваме дека за натпреварот ќе бидат отворени северната, јужната и западната трибина, односно нема да биде во употреба само источната трибина. Секое купување на билет ќе се врши со документ за лична идентификација.