Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денес комплетниот тим ќе започне со подготовки за реваншот со Пјуник
Денес комплетниот тим ќе  започне со подготовки за реваншот со Пјуник

Денес комплетниот тим ќе започне со подготовки за реваншот со Пјуник

По завчерашното пристигнување на вардарци  од Ереван, вчера се почна со тренинзи и се означи старт на подготовките за реванш мечот од првото коло во ЛЕ против Пјуник. Овој дуелс се игра во четврток (19.07) на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 19.00 часот.

Во текот на вчерашниот ден  играчите  кои не настапија на натпреварот во Ереван, имаа тренинг на теренот при тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром. Според одлуката на шефот на стручниот штаб  оние кои играа цел меч во Ереван добија поштеда. Веќе од денес екипата се комплетира и ќе продолжи да се подготвува за вториот меч од овој двомеч во најмасовното европско натпреварување. Во истиот влегуваме со  негатива од 1:0 од првиот дуел, резултат кој треба да го анулираме и да триумфираме за пласман понатака.