Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар ги стартуваа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Тие од клупата ќе ги предводи Златко Таневски, кој е дете на Вардар. Танески во својата играчка кариера ги има поминато сите младински категории на Вардар, додека за првиот тим на клубоот има одиграно 121, од кои голем дел од нив, како капитен на црвено-црните. Во 2004 година доаѓа во Вардар, а во 2006 година заминува во Полска каде што играше за Лех Познањ и за Белхатов. Во 2012 година се враќа во таборот на најтрофејниот македонски клуб, и веднаш со екипата ја освојува првата шампионска круна истата година, а веќе следната сезона повторно доаѓа до шампионскиот пехар. Станува шампион со тимот и во 2015 и 2016 година, и вкупно четири пати го подигнал шампионскиот пехар. Таневски има можност да оди скалило погоре во неговата тренерска кариера, со оглед дека минатата сезона ја водеше генерацијата родени “2009“ година. Несомнено дека младите надежи на Вардар има што да научат од нивниот нов стратег. Целта на вардаровите кадетите е исто така да го вратат шампионскиот трофеј во своите витрини.
Погледнете фотогалерија од вчерашниот тренинг на оваа генерација, кој се одржа на теренот на Академијата.