Висар Муслиу си поигра со Вардар ама баш убаво. Дефанзивецот откако исчезна од тренинзите на црвено – црните, кога се чинеше дека си отиде од Вардар за да потпише за некој клуб од странство, тој на крај заврши на шест месечна позајмица и тоа од тимот на Приштина во редовите на Шкендија.
До овој трансфер дојде поради големиот аматеризам на дел од стручниот штаб на Вардар. Муслиу беше најавуван како големо засилување со договор од три години во Вардар, а тој на крај испадна дека бил аматерски договор со опција за играчот да си замине ама баш кога сака. Ова го има само кај Вардар дефинитивно.
Ова треба да биде еден голем “шамар” и опомена за Вардар за во иднина.