По завршувањето на Европското првенство во Хрватска, Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги избра најатрактивните одбрани и голови од финалниот викенд. Сосема очекувано најдобрата одбрана му пропадна на вардаровиот голаман и шпански репрезентативец, Штербик Арпад Велики. Тој на прекрасен начин го скроти ударот на Екберг што му го донесе местото број еден.