Дојде ред за уште едно официјално заминување од таборот на Европскиот шампион. Столбот во одбраната на Вардар, Илија Абутовиќ, денеска беше претставен како нов играч на Рајн-Некар левен.
Ова значи дека Вардар останува без уште еден клучен играч од наредната сезона. По Штербик, Циндриќ, Марсениќ и тренерот Раул, дојде сега ред и на Абутовиќ.
Абутовиќ е во Вардар цели седум години, уште пред да дојде Сергеј Самсоненко во Вардар, Илија беше дел од незаборавните генерации на тимот од Кале.