Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар со факти одговара на “лакрдијата“ од соопштение на Шкендија
ФК Вардар со факти одговара на “лакрдијата“ од соопштение на Шкендија

ФК Вардар со факти одговара на “лакрдијата“ од соопштение на Шкендија

Денес ФК  Вардар реагира по повод “лардијата“ од соопштението на Шкендија ден после натпреварот одигран на Арената „Филип Втори“ во кое се напаѓаат навивачите на нашиот тим за некоректно навивање, тие во соопштението со факти наведуваат примери како тетовчани ја ја извртуваат вистината, целото соопштение во продолжение:

ФК Вардар е изненаден од фактот што ФК Шкендија својот фокус наместо да го насочи кон плеј-офот во Лигата на Европа како единствен претставник од Македонија кој треба достојно да ја претстави нашата држава, и почитување на правилниците на Фудбалската Федерација на Македонија за задолжително присуство на еден играч под 21 година во првиот состав на првенствените натпревари, се фокусира на навивачи и на нивното скандирање што е работа на Фудбалската федерација и на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Доколку ФК Шкендија сака да го преиспита својот статус, ние ја информираме дека се лоцирани во Република Македонија, се натпреварува во рамките на Првата македонска фудбалска лига каде што во сезоната 2015/2016 заврши на второто место, а со тоа обезбеди пласман во квалификациите на Лигата на Европа, а не од друга држава.

ФК Шкендија обвинува за националистичко однесување на навивачите, но заборава како се навива во Тетово кога тие се домаќини или кога се домаќини во мечевите од Лигата на Европа. Ги заборавија случувањата во минатите сезони кога нашите играчи и управа беа под постојан притисок од страна на симпатизерите на Шкендија со навредливи и националистички скандирања од трибините. Само за потсетување:

1. 24.09.2014 – Куп на РМ

- Нашиот голман Игор Павловиќ беше удрен со камен притоа заработувајќи сериозни повреди на главата;

- скандирање од типот на „Голема Албанија“;

 – навреди кон македонскиот народ и останато.

2. 19.10.2015 – натпревар од ПМФЛ

- Истите националистички и фашизоидни скандирања;

- навреди кон Европската куќа на фудбалот УЕФА;

- тогашниот капитен Златко Таневски во два наврати удрен со камен во пределот на главата и телото, исто така со сериозни повреди.

3. 16.08.2015 – натпревар од ПМФЛ во Куманово

- Навреди на национална основа;

- нападната управата на ФК Вардар на трибините;

- демолиран автобусот со кој се превезуваа фудбалерите кои што чини колку целиот возен парк на ФК Шкендија

4. Да не заборавиме дека навивачите на ФК Шкендија пред неколку месеци ја демолираа Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје објект кој што е во државна сопственост и е во интерес на државата.

Спикерот и претставниците на ФФМ беа на висина на својата задача каде во повеќе наврати реагираа до публиката за фер и коректно навивање.

Нема да дозволиме никој да генерализира против нашите навивачи затоа што се само испади на поединци. На ФК Шкендија и апелираме да си гледа во сопствениот двор, и вината за поразот да ја бара само во сопствените редови како и да си ги усоврши организационите спосбности и да започне да присуствува на координативните тела пред секој натпревар (пред овој натпревар немаше претставник од нивна страна), а доколку немаат можност да ја подобрат организацијата и да ги почитуваат правилниците на ФФМ, ФК Вардар како шампион на Република Македонија е на располагање советодавно да им помогне како да ја подигнат организацијата на повисоко ниво.

На натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Шкендија каде што ФК Вардар е домаќин, ниту еднаш не била нарушена безбедноста на фудбалерите на Шкендија, на нивната управа како и на директорот на Шкендија, што не е пример кога Шкендија е домаќин.

Не се сложуваме дека не постоеја услови, напротив, имаше перфектни услови за одигрување на натпреварот и далеку подобри отколку кога ние играме на теренот на ФК Шкендија.

ФК Вардар како клуб секогаш се стреми и ќе се стреми да ги пречекува гостите на највисоко можно ниво и само на теренот да се добие вистинскиот победник. А, на трибините да воспостави ред и дисциплина со цел сите гостински тимови да се чувствуваат безбедно.

На ФК Шкендија и посакуваме многу успех на натпреварот со Гент во Лигата на Европа во четврток.

Сектор односи со јавност на ФК Вардар.