Вчерашната дерби пресметка Вардар – Шкендија од трибините ја проследија голем број на наши првотимци, кои поради повреда не можеa да им помогнат на своите колеги. Покрај Попов, Пачовски, Глишиќ, вчерашната средба од трибините ја проследи и Хамбарџумјан, кој исто така е на листата на повредени играчи. Како што можете да забележите и на фотографијата, друштво на Хоф на трибините му правеше неговиот сонародник, Тигран Барсегјан.
Барсегјан иако сеуште нема официјално потпишано договор со нашиот тим, сепак, до крајот на преодниот рок Барсегјан треба да биде големо, и последно засилување за нашиот тим. Неофицијално, Тигран, изгледа дека има ситна повреда. Но, очекуваме во брзо време, конечно, да го видиме Барсегјан во ”црвено – црниот” дрес и како играч.
Фото: Кочо Сотировски