Вардар СЦЈС ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Екипата и во новата сезона ќе биде предводена од тренерскиот тандем Симовски-Царчев, чија цел е повторно вицешампионско место во најсилната супер лига, како и пласман во најдобрите четири екипи во Челинџ купот. Таму минатата сезона втората екипа на ЖРК Вардар стигна до четвртфиналето, каде беше поразена од екипата на Карпати од Украина.
Сепак како дебитанти може да се каже дека имаа успешна сезона во европските натпреварувања. Црвено-црните се големи фаворити повторно за освојување на тоа второ место во супер лигата, веднаш зад првиот тим на Вардар, како и до пласман во големото финале од националниот куп. Веќе во четврток се заминува на подготовки во Маврово.
Нема големи промени во играчкиот кадар, тимот е подмладен за уште четири нови ракометарки кои иминатата сезона беа дел од младинскиот состав на Вардар. Се работи за Анастасија Николовска, Моника Георгиевска, Ива Божиноска и Ана Станикевска. Со екипата за време на подготовките ќе биде и голманката Јована Мицевска.