Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По ЦСКА ред е да падне и Зенит
По ЦСКА ред е да падне и Зенит

По ЦСКА ред е да падне и Зенит

Русите и руските медиуми добро го паметат тимот на Вардар. Пред точно 14. години Вардар го елиминираше големиот тим на ЦСКА Москва. И тогаш, како и денеска, противникот беше голем фаворит за разлика од нашите црвено – црни, но, на крајот се радуваше тимот на Вардар.

На тогашниот двомеч Вардарци победија нагости со резултат 2:1, додека пак на домашен терен, на Градски одиграа 1:1 доволно за елиминација на ЦСКА Москва. Сега, по ЦСКА, ред му доаѓа на уште еден тим од Русија, овој пат се работи за лидерот на табелата во рускиот шампионат, тимот на Зенит. Зенит е составен од голем број странски играчи кои во минатото настапувале за тимови како Рома, Атлетико Мадрид, Челзи и тн.

Во Скопје ни дојдоа Ивановиќ, Кокорин, Кранвитер.. доволен мотив за нашите играчи да се претстават уште еднаш во одлично светло и да ја продолжат низата на домашен терен без пораз. Вардарци ова лето немаат пораз кога играат пред своите гледачи, летово паднаа тимовите на Малме, Копенхаген и Фенербахче.