Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар утре го промовира Илија Најдоски во нов технички директор на клубот
ФК Вардар утре го промовира Илија Најдоски во нов технички директор на клубот

ФК Вардар утре го промовира Илија Најдоски во нов технички директор на клубот

Од фудбалскиот клуб Вардар известуваат дека утре со почеток од 11 часот во просториите на академијата ќе одржат прес-конференција. На истата ќе биде претставен новиот технички директор на клубот, Илија Најдоски. Ненадминлив по својата борбеност во играта во одбраната, Најдоски вардаровите бои ги бранеше во периодот од 1984 до 1988 година.

На прес-конференцијата ќе биде присутен дел од менаџментот на Вардар, кој што ќе ја пренесе својата реакција по повод новите цени за користење на Националната Арена „Филип Втори“.