Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Вуко Борозан го постигна најубавиот гол, во третото коло на СЕХА-лигата
(ВИДЕО) Вуко Борозан го постигна најубавиот гол, во третото коло на СЕХА-лигата

(ВИДЕО) Вуко Борозан го постигна најубавиот гол, во третото коло на СЕХА-лигата

Вардар после три одиграни натпревари во СЕХА лигата има исто толку победи. Совладани беа екипите на Металург, Горење и Брест Мешков. После секое коло, СЕХА прави избор на најдобрите голови и одбрани после завршување на сите натпревари, како и најдобар играч на секој меч. Во второто коло, за најдобар гол беше изгласан Јана Војводиќ, додека истово признание го доби и Вуко Борозан во третото коло.

Бомбардерот на Вардар, Борозан се најде во изборот на ТОП-5 голови заедно со: Доминик Крок (Татран), Саша Баришиќ Јаман (Нексе), Стипе Мандалиниќ (Загреб) и Матиќ Ведринек (Горење). На крајот фановите изгласаа дека Борозан е стрелец на најубавиот гол во минатото коло од СЕХА.