ЖРК Вардар со триумф го отвори првиот турнир во рамките на регионалната лига, кој се игра во Подгорица. напиот шампион беше подобар од Будуќност, совладувајќи го со резултат од 22:24. Иако настапивме без неколку стандардни играчи, сепак на крајот по голема борба успеавме да издвојуваме победа. Најдобар стрелец во нашиот состав беше Јованка Радичевиќ која постигна седум гола и за официјалната страна на клубот за триумфот против Будуќност го изјави следново:
-Се виде заморот кај играчите во дват атима, како последица на работата на физичка подготвеност, бидејќи ова беше ударна недела и сега полека се намалува тоа темпо. И во двата тима недостасуваа некои ракометарки. Имаше и добри и лоши работи. Будуќност многу има напредувано во однос на играта на турнирот во Скопје. Ние успеавме да се вратиме и покрај минусот што го имавме. Видовме на кои работи треба да внимаваме во иднина, рече Радичевиќ.