Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар замина по три бода во Охрид
Вардар замина по три бода во Охрид

Вардар замина по три бода во Охрид

Попладнево во Охрид силите ќе ги одмерат тимовите на Победа и Вардар. Ова ќе биде натпревар во рамките на 21 коло во ПМФЛ. Вардарци се лидери на првенствената табела со 47 освоени бодови, додека пак нашиот денешен противник се наоѓа на 8 место на табелата со 16 освоени бодови. Овие два тима оваа сезона се сретнаа на два наврати, и на двата натпревари нашиот тим иако победи, тоа го направи потешко од очекувањата.

На 21.08.2016 во Битола нашиот тим победи со резултат 1:0 со голот на Фелипе. На вториот натпревар на 30.10.2016, Вардар како домаќин ја совлада прилепска Победа со резултат 2:1. Нашиот тим на овој натпревар губеше на полувреме, но на крај победи со головите на Којашевиќ и Асани.

Иако Вардар се соочува со неиграње на неколку стандардни првотимци, очекуваме нашиот тим да го добие овој натпревар и да ги донесе трите бода во Скопје, што ќе значи и зацврстување на првенствената табела. Натпреварот започнува во 14 часот.