Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за фудбалските генер. “2002“ и “2003“ на Вардар на контролни натпревари
Победи за фудбалските генер. “2002“ и “2003“ на Вардар на контролни натпревари

Победи за фудбалските генер. “2002“ и “2003“ на Вардар на контролни натпревари

Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчершниот ден одиграа пријателски натпревари на теренот на академијата. Екипите родени “2002“ и “2003“ година продолжуваат со одигрување на контролни натпревари како подготовка за стартот на пролетниот дел во регионалната скопска лига. Двете генерации минатата недела одиграа против Победа од Прилеп и забележаа победи.

Вчера избраниците на Петар Ѓоргиески, генерацијата “2002“ одигра контролен натпревар со врсниците од ФК Скопје кој го добија убедливо со резултат 5:1. По првото полувреме имавме минимално водство од 1:0. По два гола на овој натпревар постигнаа новото засилување Тео Блажевски и Леонид Игнатов, додека во листата на стрелци се запиша и Харбин Речица.

Победа забележа и една година помладата генерација на Вардар родени “2003“ година кои беа подобри во дуелот со тимот на Работнички. Овој натпревар заврши со резултат 2:1 во корист на Вардар. По првото полувреме резултатот беше нерешен 1:1. Стрелци на головите за нашиот тим беа Марио Петрушевски и Дамјан Андреев.