Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки без Кликовац на гостувањето во Мец, познат составот за овој натпревар
Вардарки без Кликовац на гостувањето во Мец, познат составот за овој натпревар

Вардарки без Кликовац на гостувањето во Мец, познат составот за овој натпревар

Екипата на ЖРК Вардар денес со почеток од 15 часот во лигата на шампионите ќе гостува на екипата на Мец од Франција. До крајот на главната рунда остануваат уште две кола за одигрување, а моментално црвено-црните се на првата позиција на табелата со ист број на бодови со екипата на ФТЦ Будимпешта. Тренерот Давид Дејвис веќе го објави составот кој денес ќе се спротивстави на Мец. И на овој меч ќе бидеме ослабени за неиграњето на Андреа Кликовац.

ЖРК Вардар: Алтхаус, Дамњановиќ, Херем, Илина, Хмирова, Лакрабер, Лазовиќ, Лекиќ, Лејно, Мавсар, Пенезиќ, Песоа, Радичевиќ, Ристовска, Суслина.

Натпреварот можете да го проследите низ директен пренос на МРТ-1.