Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес: Дибиров и Гонзалес- Мешков беше подобар од нас
Прес: Дибиров и Гонзалес- Мешков беше подобар од нас

Прес: Дибиров и Гонзалес- Мешков беше подобар од нас

Нашиот шампион екипата на Вардар не ја искористи првата меч топка за пласман во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Во Белорусија нашите играчи делуваа немоќно против тимот на Мешков Брест. Се до 20 минута Вардар играше добро, потоа следуваше голем пад во играта која траеше се до крајот на дуелот. Тренерот на црвено-црните Гонзалес за овој дуел изјави:

Домаќинот  беше многу добро подготвен за нашата средба. Започнавме добро, но потоа почнавме да грешиме сè повеќе. Поради тоа, Брест се одлепи на разлика од три до четири гола, а ние цело време ја бркавме истата. Нема време за паника, мора да се подготвиме добро за нашиот нареден меч кој е од голема важност.

Руското крило во нашите редови Тимур Дибиров за поразот на ова гостување кај ривалот Белорусија на прес-конференцијата изјави:

Ако мислите дека дојдовме овде опуштени,  се лажете, бидејќи  тоа не беше причина за поразот. Знаевме што не чека и дека Мешков ќе се бори до крајот. Срамота е што не ги искористивме нашите шанси во првото полувреме. Ако направевме разлика над три гола, мечот сигурно ќе беше поинаков. Не ги користевме шансите, а исто така се разбрани и голманот Пешиќ кому би сакал да му честитам за одличниот ден. Секако, имаше поддршка и од тимот. Се што можам да направам е да му честитам на Мешков. Беше подобар од нас.