Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар одиграа “машки“, покажаа квалитет и “срце“ на гостувањето кај повозрасниот Металург
Кадетките на Вардар одиграа “машки“, покажаа квалитет и “срце“ на гостувањето кај повозрасниот Металург

Кадетките на Вардар одиграа “машки“, покажаа квалитет и “срце“ на гостувањето кај повозрасниот Металург

Денес во салата “Автокоманда“ се одигра кадетското дерби помеѓу домаќинот Металург и девојките од Вардар. Во еден одличен и динамичен натпревар со многу борба девојките на Ристова Драгана и Пецевска Билјана покажаа срце.  Нашите девојки одиграа “машки “ во текот на сите 60 минути, тие против повозрасен противник кој е две години постара генерација одиграа одлично и беа поразени со само 3 гола.

kad2

Натпреварот почна со прекрасна одбрана на Трајковска ,тоа со гол за 0-1 го круниса Галевска. По неколку минути игра ние поведовме со 0-3, домаќинките вратија со два гола и намалија со 2-3. Постојано бевме во водство до првата половина од полувремето, домаќинките изедначија на 5-5 по што нашата клупа побара минута одмор во 16 та минута. Домаќинките потоа првпат поведоа со 7-6, но ние успеавме да се вратиме и да изедначиме на 7-7. Во продолжение и двете екипи постигнаа по 2 гола и во финишот се влезе со резултат 9-9, домаќинките во последните минути од првото полувреме постигнаа три гола, со тоа отидоа на одмор со предност од 12-9.

kad2a kad4

Второто полувреме го отворивме со гол за нас и намаливме на 12 -10. Плаво-белите во продолжение прават серија од 5-0, и поведуваат со 17-10. На средината од првиот дел домаќините водат со резултат од 23-15, но нашите девојќи покрај тоа играат мотивирано. Храбрата игра на Вардар вродува со плод, правиме серија 2-6 и успеваме да намалиме на 25-21. До крајот на мечот остана малку време во кое немаше простор за целосно изненадување, но сепак девојките успеваат да намалат на 26-23.

kad3

Во нашиот табор најефикасни беа: Галевска Марија и Андреа Седлоска со по 7 постигнати гола, а Ѓорѓиевска Стефанија и Костовиќ Ангела постигнаа по 4 погодоци. Покрај нив треба да се пофалат сите девојки кои дадоа 100 % од овој натпревар и тренерскиот двоец.