Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжува победничкиот поход на генер. “2005“, избраниците на Кралевски без милост и во денешното коло од детската лига
Продолжува победничкиот поход на генер. “2005“, избраниците на Кралевски без милост и во денешното коло од детската лига

Продолжува победничкиот поход на генер. “2005“, избраниците на Кралевски без милост и во денешното коло од детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра третото пролетно коло во детската фудбалска лига за генерација родени “2005“ година. Двете екипи на Игор Кралевски забележаа две победи.

Вардар (1) за противник го имаше тимот на Њу Старс кој го совлада убедливо со резултат 7:1. Нашите млади надежи уште од стартот му дадоа до знаење на противникот дека нема што да бара на овој меч. Уште од првите минути тргнаа офанзивно кон голот на противникот, што резултираше со три погодоци во мрежата на Њу Старс 2. Резултатот со гол го отвори Филип Јовановски за водство на Вардар од 1:0. Втор играч кој погоди во нашите редови беше Симеон Здравковски кој го зголеми резултатот на 2:0. Денес одличен меч одигра Јовановски, кој со неговиот втор гол зголеми на 3:0. До крајот на првото полувреме, Вардар имаше можност да зголеми, откако Ѓорѓи Дошев од пенал ја погоди стативата. Добра шанса во првиот дел имаше и Здравковски но резултатот остана непроменет. По првото полувреме резултатот беше 3:0.

16938568_1266812886698888_5480558526436147140_n

Добрата игра на Вардар прдолжи и во второто полувреме, кога голеадата ја продолжи Стефан Наумовски кој со неговиот прв гол зголеми на 4:0. Обид имаше и Матеј Гаштаров, но противничкиот голман го брани ударот. Целосна офанзива на нашиот состав кој продолжи да создава шанси за голови. Филип јовановски ја погоди стативата и немаше среќа да го зголеми резултатот. Во продолжение од мечот прв гол и за Никола Величковски кој успева да зголеми на 5:0. Следни кои се заканија кон противничкиот гол беа Јовановски и Дошев, но резултатот остана непроменет. Вардарци промашија уште еден удар од белата точка, овој пат биеше Величковски но голманот на Њу Старс го брани ударот. Сепак во следната акција реализираме а во главна улога беа Величковски како асистент и Јовановски како реализатор за водство од 6:1. Конечно погодуваме од пенал, откако во противничкиот простор беше соборен Јовановски. Токму истиов играч погодува за резултат 7:1.Последен кој се обиде беше Радевски кој се најде во гол шанса, но голманот на Њу Старс го брани ударот. Конечниот резултат гласеше 7:1.

Победа забележаа и нивните соиграчи од Вардар (2) кој за противник го имаше тимот на Хет-Трик. И на овој меч доминиравме и бевме далеку подобри од противникот. Не помина многу време, кога Давор Лефковски го отвори резултатот на 1:0. Следни кои се обидоа беа Конески и Спасиќ, но нивните удари завршуваат покрај голот на Хет-Трик. Горјан Цветков постигнува втор гол и зголемува на 2:0, со силен удар, топкат голманот ја зафати но недоволно да спречи погодок. Повторно Конески шутираше над голот на Хет-Трик. Одличната форма оваа генерација ја демонстрира а најдобар можен начин со нов гол за предност од 3:0.Прв гол постигнува и Тино Спасиќ. Стрелецот на првиот гол, Лефковски имаше шанса кој биеше во рацете на голманот. Со вториот гол на Горјан Цветков, Вардарци зголемуваат на 4:0 и ја продолжуваат голеадата. Конечно успева и противничката екипа да постигне почесе гол за намалување на 4:1, кој беше нивни единствен на овој натпревар. До крајот на првото полувреме, избраниците на Кралевски уште два пати ја тресат мрежата на противникот. Прв гол на мечот постигнува и Дамјан Конески за убедливи 5:1, додека со голот на Тино Спасиќ од пенал зголемуваме на 6:1. Со овој резултат се замина на полувреме.

Ништо ново не се случуваше на теренот и во второто полувреме. Вардарци продолжија да напаѓаат константо и да ја контролираат играта. Со вториот гол на Давор Лефковски зголемуваме и на 7:1. Во шанса се најде и Лука, но без реализација. До крајот на натпреварот први голови на денешниот натпревар постигнаа Петар Пројкоски и Александар Калановски. Конечнио резултат гласеше 9:1 на овој натпревар.

Можеби една од најдобрата генерација оваа сезона продолжува со добрите игри и убедливите победи