Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лига Шампиони ОоОоОооОоО
Лига Шампиони ОоОоОооОоО

Лига Шампиони ОоОоОооОоО

ФК Вардар денеска стана и официјално старо – нов шампион на Македонија. ФК Вардар по десетти пат во својата историја го освои трофејот во првата македонска фудбалска лига и се зацврсти на табелата како најуспешен и најтрофеен клуб далеку напред зад другите екипи. Со оваа нова титула ФК Вардар обезбеди нов настап и ова лето во Европа, поточно во најелитното натпреварување Лигата на шампионите. Тоа значи дека сите вљубеници и симпатизери на Вардар и црвено – црните бои со нетрпение ќе го очекуваат ова лето, и ќе се надеваат дека своите миленици ќе имаат така наречено ”долго лето” низ настапот во квалификациите за ЛШ.

fkvardar-zvezda-deseta-titula

Иако е рано за тоа, уште од сега управата на ФК Вардар треба да се насочи во потрага по нови квалитетни играчи кои ќе ја збогатат конкуренцијата во тимот, кои пред се ќе донесат квалитет во играта и реализацијата. Управата на Вардар минатото лето донесе квалитетен играч во името на бразилецот Фелипе, кој според многумина е играч на сезоната во Вардар и во ПМФЛ, па според ова управата треба да се насочи на ангажирање и потрага на ”кариоки” кои би знаеле како со топка, како да ги разиграат колегите. Како и да е, пред нас е летото, се надеваме дека овој пат Вардарци ќе извлечат поука од натпреварите со Апоел, Бате Борисов и Стеауа и конечно ќе не израдуваат и ќе го минат првото квалификациско коло, а потоа сите ќе уживаме во нови натпревари.