Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Колевски со хет-трик и Стојчевски со еден гол, донесоа висока победа на Македонија до 19 години, на првиот контролен дуел со Финска
Колевски со хет-трик и Стојчевски со еден гол, донесоа висока победа на Македонија до 19 години, на првиот контролен дуел со Финска

Колевски со хет-трик и Стојчевски со еден гол, донесоа висока победа на Македонија до 19 години, на првиот контролен дуел со Финска

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години забележа победа на првиот контролен натпревар против соодветната селекција на Финска. Денес на тренинг центарот “Петар Милошевски, избраниците на Вујадин Станојковиќ ја покажаа војата сила и триумфираа убедливо со резултат од 5:0.

Резултатот за водство од 1:0 го отвори играчот на Вардар, Филип Стојчевски кој прв погоди за водство на Македонија. Со овој резултат и се замина и на полувреме. Во вториот дел голеада на нашите млади надежи, кои постигнаа уште четири голови. Јани Атанасов зголеми на 2:0, а до крајот на натпреварот свое шоу имаше напаѓачот на Вардар, Бојан Колевски кој успеа да постигне хет-трик и да стави печат на својот добар настап и на македонската репрезентација.

Во стартните 11 на овој натпревар беа Тодор Тодоровски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски, додека шанса за настап во последните пет минути од натпреварот доби и бекот Филип Антовски. Следниот контролен натпревар со Финска е закажан за во четврток.