Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар М16 триумфално в гости кај КК Водно Санс
Кошарка: Вардар М16 триумфално в гости кај  КК Водно Санс

Кошарка: Вардар М16 триумфално в гости кај КК Водно Санс

Селекцијата на КК Вардар M-16, поточно момците родени  2002 и 2003 година забележаа уште една лесна победа против тимот на КК Водно Санс Партизан на гостински терен. Момците одиграа одлично и дојдоа до сигурна и убедлива победа на ова гостување, иако фалеа дури тројца стандардни играчи во црвено-црниот ростер.

z2

Кај нас на овој меч фалеа: Савиќевиќ, Груевски и Шуменковски, но и тоа не беше проблем да влеземе фуриозно од почетокот. Па така веќе на одморот имавме сериозна разлика од 20 кошеви која гаранираше триумф. Избраниците на Александар Јованчев триумфираа на крајот со резултат 60-81 на овој натпревар.