Tuesday ,15 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Сакаме да ги добиеме сите натпревари до крајот на СЕХА-лигата – Поповски: Мораме да дадеме максимум за да го осигураме првото место
Гонзалез: Сакаме да ги добиеме сите натпревари до крајот на СЕХА-лигата – Поповски: Мораме да дадеме максимум за да го осигураме првото место

Гонзалез: Сакаме да ги добиеме сите натпревари до крајот на СЕХА-лигата – Поповски: Мораме да дадеме максимум за да го осигураме првото место

Вечерва со почеток од 20:30 часот, Вардар гостува во Хрватска, на екипата на ППД Загреб, во рамките на 15 коло од СЕХА-лигата. После гостувањето во Нант, црвено-црните директно се упатија за Загреб, каде немаа многу време да се подготвуваат за овој дуел, но секако дека мора да го одработат и овој дерби дуел во ова натпреварување. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес посакува неговиот тим да ги добие сите преостанати мечеви од регуларниот дел, но знае дека во Загреб е секогаш тешко да се победи.

-Знаеме дека во Загреб никогаш не е лесно да се игра. Тие имаат добри играчи кои секогаш играат со дополнителна мотивација против нас. Задоволни сме од сегашната сезона во која ги победивме сите натпревари и одигравме само еден нерешен резултат. Тие исто така играат во Лигата на шампионите, како и Вардар. Сакаме да ги  добиеме сите натпревари до крајот, иако немавме многу време да се подготвиме, но знам дека моите играчи со задоволство играат против Загреб и сигурно тоа ќе биде одличен натпревар.

Поради отсуството на Чупиќ и вечерва се очекува поголема шанса на десната крилна позиција да добие, Мартин Поповски, кој се повеќе ја оправдува довербата кај Гонзалез и максимално ги искористува минутите поминати на теренот.

-Мораме да го посетиме Загреб, кој е еден од најтешките ривали на Вардар во СЕХА лигата. Тоа ќе биде добар и тежок натпревар, бидејќи во неделата игравме против Нант во Лигата на шампионите и малку сме уморни. Без разлика на тоа, ние треба да дадеме максимум за да го осигураме  првото место и да останеме непоразени до крајот регуларниот дел од лигата.