Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар максимален и доминантен со КК 18Август, Поп-Крстев феноменален
Куглање: Вардар максимален и доминантен со КК 18Август, Поп-Крстев феноменален

Куглање: Вардар максимален и доминантен со КК 18Август, Поп-Крстев феноменален

Вчера во првиот меч од  третиот круг во Македонската кугларска лига, KK Вардар ја пречека  екипата на КК 18 Август 2016, тим кој во двата дуела во претходните кола од МКЛ го добивме.  Повторно  вчера на мечот одигран во кугларницата ВИП- при Спорскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје ние доминиравме и победивме со максимални 8-0.

Она што радуваше на овој дуел е одличната форма на неколку играчи кои тргнаа фуриозно на почетокот па на ривалот не му оставија никаква шанса во продолжение. Ние покажавме дека може да одиграме на ниво па така екипно имавме скор од 3405 што е убедливо најдобро тимско постигнување во ова 11 коло. Противникот беше зад нас со дури 380 “дрва“, односно собори 3025. Доминиравме и во освоени сетови каде имавме 19, а гостинот остана на само 5, што донесе победа од максимални 8-0 на овој дуел.

Георг По-Крстев

Георг Поп-Крстев

Стартувавме со Коста Ристевски и Георг Поп-Крстев кој “растурија“,  победија и поведовме со 2-0. Тие земаа 7 сета и направија 214 “дрва“ предност.  Ристевски 598 (385+213) повторно одигра врвно, покажа дека оваа пролет е во одлична форма и доминираше над ривалот, впишувајќи сигурен поен и правејќи разлика во дуелот. Младиот Поп-Крстев 613 (374+239) едноставно беше феноменален. Од кугла во кугла бриљираше газејќи го противникот, но и надминувајќи се самиот себе во овој настап. Играчот кој првото пролетно коло беше заменет, и постепено ја дигаше формата, вчера првпат откако направи кам-бек во вардаровиот тим отиде над “600-ка“. Младото момче имаше најдобро чистење ова коло во целата лига. Со феноманали 613 поенираше за црвено-црните.

k4-660x330

Следни кои настапија беа “старите волци“, тренерот Драги Димитровски се одличи за најискусните да бидат дел од вториот пар. Настапија за нас Миле Димовски 571 (351+230) и Марјан Згонц 571 (354+217). Капитенот Димовски повторно одигра на ниво, тој игра константно па дури и во Битола изминатото коло поенираше сигурно како и овој пат. Згонц со максимални 4-0 го совлада Спасовски, со што обезбеди 4-0 огромна предност пред последниот пар. Благо опуштање имаше во нашите редови пред последните дуели, поради високата предност од 4-0 и големата предност во “дрва“. Па Влатко Стојановски 512(349+163) и  Дарко Димитровски  257 (167+90)/ Митиќ Бранко 283 (193/90) одиграа доволно за поенирање. Тие успеаа да освојат нови два поена иако одиграа послабо од она што не навикнале досега во нивните настапи.