Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сарачевиќ: Вардар ни гостува во непријатен момент
Сарачевиќ: Вардар ни гостува во непријатен момент

Сарачевиќ: Вардар ни гостува во непријатен момент

Вардарци немаат одмор по гостувањето во Нант денес ги очекува СЕХА дуел во регионалата лига. Во меч од 15. коло на СЕХА лигата, Вардар вечерва гостува во Хрватска кај екипата на  ППД Загреб. Тренерот на загребчани не е многу задоволен од фактот дека мора да игра тежок дуел во регионалното натпреварување со нашиот шампион, бидејќи сеуште во шампионската лига нивниот статус не е решен.

Познато ни е  со каков квалитет располага нашиот денешен противник. Не е најдобар момент да се игра овој натпревар и за нас и за Вардар. Ние имавме тешко гостување во Лигата на шампионите пред само неколку дена. Верувам во добра претстава, можноста да играат некои ракометари кои не играа досега и ако ни се укаже можност секако дека ќе се обидеме да го победиме Вардар- вели Златан Сарачевиќ.