Фудбалерите на Вардар им се вратија на победите во ПМФЛ откако вчера на лесен и убедлив начин ја победија Беласица од Струмица со резултат 3:1 (2:0).
Сите играчи на ,,црвено – црните” бои одиграа одлично, а според ,,Вардар Фанс” најкорисен играч на вчерашниот дуел е Милован Петровиќ.
Петровиќ уште во 16.минута упати една употреблива топка по земја до Мирчевски, кој тоа го искористи на најдобар можен начин за првенец во дресот на Вардар. Само девет минути подоцна, овој пат сигурен реализатор беше Петровиќ со удар со глава на втора статива за исто така првенец во дресот на ,,црвено – црните”. Петровиќ освен голот и асистенцијата, имаше и значителна улога во одбраната.
Во следното коло кое на програмата е овој викенд, Вардар го игра големото дерби со Пелистер во Битола.
Фото: Вардар – фото галерија