Friday ,23 October 2020
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пик Сегед ја стопира продажбата на билети, нов заразен играч, неизвесен дуелот со Вардар
Пик Сегед ја стопира продажбата на билети, нов заразен играч, неизвесен дуелот со Вардар

Пик Сегед ја стопира продажбата на билети, нов заразен играч, неизвесен дуелот со Вардар

Натпреварот кој треба да се одигра во четврток меѓу Пик Сегед и Вардар е под знак прашалник.

Најновите тестирања во редовите на унгарскиот тим покажаа уште еден позитивен на ковид вирусот, по што бројката се искачи на седум ракометари.

Иако првично клубот објави дека ќе дозволи влез на 1.000 навивачи, од денес ја стопира продажбата на билети, па доколку се одигра натпреварот истиот ќе биде без присуство на гледачи.

Пандемијата со корона вирусот создава големи проблеми во спортот. Минатото коло против екипата на Елверум исто така беше одложено, а сега вардарци ќе чекаат одлука од ЕХФ дали ќе можат да патуваат на дуелот во Унгарија.