Фудбалската репрезентација на Црна Гора продолжува со добрите игри во новите квалификации. Црногорците вчера на домашен терен го победија Казакстан со убедливи 5-0 (1-0). Еден од главните играчи на овој натпревар беше токму нашиот крилен играч, Дамир Којашевиќ.
Којашевиќ по одличната партија против Романија, денеска беше стартер и ги одигра сите 90 минути. Во убедливата победа, нашиот играч успеа да запиште две асистенции, а на неколку наврати имаше можност и да постигне гол, но не успеа. Се на се, одлична партија на Којашевиќ и во дресот на црногорската репрезентација.