Вчера екипата на РК Вардар-2 беше домаќин на екипата на РК Партизан од Гевгелија. Млади момци предводени од вардаровата легенда Зоран Петковски-Зенга дојдоа до вториот триумф во второто коло од Првата лига. Тие на дуелот кој се играше во спортско рекреативниот центар “Кале“ однесоа победа со триесет гола разлика, триумфирајќи над гевгеличани со 44-14.