Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Манев сега бира, Вардар или Вележ!
Манев сега бира, Вардар или Вележ!

Манев сега бира, Вардар или Вележ!

Еден од најдобрите играчи на Вардар оваа сезона, Коста Манев, сеуште не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера, односно дали ќе остане во редовите на Вардар и во новата.

Иако објавивме дека Манев има понуди од Ријека, Интер Запрешиќ и Локомотив Пловдив, вчера на адреса на менаџерот на Манев стигнала одлична понуда од тимот на Вележ од БиХ која е многу подобра од сите останати. Па така во овој момент останува се на играчот, дали ќе ја прифати оваа понуда и ќе го напушти Вардар по само една сезона или и понатаму ќе остане верен на нашиот тим.

Инаку, Вардар во сабота означува старт на летните подготовки, па многу работи ќе бидат познати токму на овој ден во базата во Хиподром.