Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Slider > Гонзалез: Писонеро е мој голем пријател, мислам дека одлично ќе се вклопи во Вардар
Гонзалез: Писонеро е мој голем пријател, мислам дека одлично ќе се вклопи во Вардар

Гонзалез: Писонеро е мој голем пријател, мислам дека одлично ќе се вклопи во Вардар

Човекот кој успеа со Вардар да ја освои првата Европска титула како тренер, Раул Гонзалез во интервју за шпански медиуми говореше за ситуацијата во Вардар и за донесувањето на клупата, на нов шпански стручњак. Раул вели дека Вардар направил одличен избор со донесувањето на Писонеро, уште еден стратег кој доаѓа од школата на Ваљадолид.

–Давид Писонеро е мој пријател, уште еден тренер кој доаѓа од школата на Ваљадолид. Во Вардар сакаа техничар со слични карактеристики и мислам дека Давид одлично ќе се вклопи во екипата – вели Гонзалез.

За Гонзалез воопшто не било изненадување тоа што Вардар го повтори успехот од пред две години, успевајќи повторно да ја освои Лигата на Шампионите.

–Вардар од почетокот беше еден од фаворитите за титулата, барем кај тие што добро го разбираат ракометот. На располагање имаа одлични играчи и фантастичен тренер. Одлично го познавам Роберто Парондо и знам колку добро ја имаше подготвено екипата