Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Нуров во Минск тргна со победа, денес во репасажот напаѓа бронза
Нуров во Минск тргна со победа, денес во репасажот напаѓа бронза

Нуров во Минск тргна со победа, денес во репасажот напаѓа бронза

Вчера, Могамедгаџи Нуров (97 кг)  слободен стил, ги стартуваше со победа на Европските игри во Минск, Белорусија, победувајќи го во првото коло Литванецот Караускас со 10-0. Вардарецот домиираше и триумфот дојде со технички туш во средбата со Красаускас. Со оваа победа тој   се пласираше во втората рунда. Сепак, втората препрека, едноставно, беше непремостлива. Нуров  загуби од рускиот борач, олимпискиот, светскиот и европскиот првак, Абдулрашид Садулаев со 6-0.

Бидејќи русинот обезбеди финале се отвора шанса за бронзен медал. Денес, 27.јуни, Нуров во репасажот ќе се сретне со Сзабо од Унгарија, па со евентуална победа ќе се бори за пласман од 3-5 место со Хуштин од Белорусија во 18-00 часот.